Група ‘Милениум” на прва австралиска турнеја на која ќе го дадат максимумот

Please follow and like us:
Pin Share

Битолската гупа “Милениум” годинава ќе има можност да го оствари сонот на речиси секој музичар , да има турнеја во далечната Австралија. Нивните очекувања се пред се турнејата да помине во најдобар ред и да направат незаборавни и преубави концертни вечери со нашинците во оваа далечна земја.

-Прв пат одиме во Австралија. Низ Европа сме биле на турнеја ама за Австралија одиме прв пат. Оечекувањата се голеи. Очекуваме концертите да ни бидат преполни. Ние ќе го дадеме нашиот максимум од нас, да направиме добри забави, ќе покажеме се што знаеме да свириме и пееме. Секако, македонска музика, со изворни песни. Се надевам дека ќе направиме добра забава и добро ќе поминеме, истакнуваат Стевче и Владимир од групата “Милениум”.

Тие не ја исклучуваат можноста за пласирање на песна особено од битолскиот крај, од каде што и потекнува оваа група. Особено битолската почва е богата со изворни песни кои во голема мера се барани на нашите настапи, така што нема да бидат воопшто изоставени и тие песни, додаваат тие.

Please follow and like us:
Pin Share