Бобан чест учесник на фестивалските настапи во нашата земја

Please follow and like us:
Pin Share

Фестивалите се една лична карта на секој пејач кој ќе се појави на тој фестивал, вели Бобан Цаневски кој во голема мера е застапен речиси на сите фестивалски изданија во нашата земја. Тој особено милува да биде дел од фестивалските вечери и секако да пласира нова песна на тоа место.

-Знам дека некој од пејачите можеби не сакаат да одат, меѓутоа сметам дека секој пејач треба да биде на фестивалите, а посебно на “Валандово” , “Цветници”, едноставно на сите. Секој каде што има ова песна, може да ја претстави, да ја испее обично на Валандово со оркестарот каде се пее во живо, кое звучи супер и таму може човек , еден пејач да испее како што треба, истакнува Бобан.

Бобан бележеше бројни музички настапи во изминатиот летен период, особено приватни веселби и свадби. За следниот период најавува исто таа полна работна агенда низ нашата земја.

Please follow and like us:
Pin Share