Алексовски: Пресреќен сум што имаме толкав број учесници на годинешниот Интернационален музички фестивал “Тра ла ла”

Please follow and like us:
Pin Share

Покрај преубавиот амбиент на базенот во хотелот Белви во Охрид отпочна 19-то издание на годинешниот Интернационален музички фестивал “Тра ла ла”. Притоа пред публиката беше образложена една ретроспектива за сите изминати 19 години од фестивалот, за тоа како отпочна, како полека растеше  и стигна до полнолетство а оваа година со гордост може да се каже дека со оглед на бројот на учесници го достигнува врвот на престижот.

-Оваа година интересот на сите гости од цела Европа е многу поголем. Имаме 105 учесници од 18 држави , кои ќе настапат на сите овие четири фестивалски денови. Пресреќен сум бидејќи успеавме во нашата држава да собереме толку многу учесници и исто толку делегации да бидат присутнии да има едно прекрасно дружење, вели првиот човек на оваа голема фестивалска манифестација Тони Алексовски.

Интернационалниот музички фестивал “Тра ла ла” е доста ценет во Европа , а со право го носи и приматот за најдобар фестивал. Како што истакнува директорот Алексовски, токму поради тоа што фестивалот прерасна во голем, мора да се прави селекција при изборот на учесниците.

-Следниот ден по отворањето на фестивалот е предвиден за натпреварување. Секоја учесник пее на својот јазик од земјата од каде што доаѓа. Исполнува една композиција на својот мајчин јазик, нормално се пее во живо. Тоа го оценува деветнаесет членото стручно жири. Наредниот ден по еднодневната екскурзија, организирана за сите гости во Свети Наум , а вечерта има натпреварување за прв пат оваа година во категоријата филмска музика. Сите учесници кои се над 15 годишна возраст пеат музика од филм, на било кој јазик. Наредниот ден во петок имаме натпреварување на сите учесници , ќе исполнуваат композиција на било кој друг странски јазик , освен на јазикот од државата од каде што доаѓаат. Во сабота, организирано заминуваме во Битола во нашиот град каде започна “Тра ла ла”. Таму ќе имаме гала концерт и свечено доделување на наградите со многу гости и пријатни мигови во Центарот за култура Битола, истакнува Алексовски.

Покрај гранд при наградите, посебно прва, втора и трета награда ќе бидат доделени во сите три натпреварувачки категории. Се надеваме дека ќе слушнеме добри вокали и се надевам на еден успешен фестивал, додава Алексовски. Свеченото отворање на фестивалот беше дополнително збогатено и со огномет под кој публиката крај базенот во хотелот Белви едноставно уживаше.

Please follow and like us:
Pin Share