“Тра ла ла” годинава ќе го има своето 19-то издание

Please follow and like us:
Pin Share

Годинава по 19ти пат ќе се одржи Интернационалниот фестивал “Тра ла ла”. Годинава учевство на овој фестивал ќе земат 105 учесници во пет категории од 6-26 години од 18 држави  и 18 членови во Интернационалното жири. Притоа предвидени се и 30 учесници во категоријата Филмска музика.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде во вторник 14 август на отворениот базен во хотел Белви во Охрид, а официјалниот прв ден од фестивалот ќе биде на 15 август, со изведување на пеесна од страна на учесниците на својот мајчин јазик, односно од земјата од каде што доаѓаат.

На 16ти август ќе биде втората фестивалска вечер при што учесниците ќе пеат филмска музика  додека пак на 17ти август ќе пеат странска музика. Свеченото затворање на фестивалот ќе биде во Битола на гала концерт при што ќе следуваат и награди за најдобрите учесници.

Во фестивалските денови посебна жири комисија ќе ги оценува учесниците кои ќе се натпреваруваат во состав од 18 членови. Од организацијата ветуваат беспрекорна добра поставеност како и забава и дружење со сите учесници за време на овој голем Меѓународен фестивал.

Please follow and like us:
Pin Share