
Не е тајна дека поп-пејачката Јелена Карлеуша обожава да е во центарот на вниманието, во кое најчесто се наоѓа поради скандалозното однесување или провокативните фотографии.
Па така и овој пат ЈК повторно шокира и провоцира на својот Инстаграм профил, но овој пат не со своите Твитер објави туку со нешто многу поразлично и посекси!
На новите фотографии кои таа ги објави на својот профил, таа ги држи градите и позира во „истетовираниот“ комбинизон од брендот dsquared2, а сето тоа е зачинето со црн градник и латекс појас со црна беретка.
Погледнете само колку таа знае да го задржи вниманието кај секој и да направи комплетна револуција со својата појава.
Вистинска дива, зар не?
1tv.mk
