
После максималните работни ангажмани во летниот период кои Далибор и Снеже ги имаат во нашата земја, каде што се барани буквално насекаде, тие планираат и турнеја надвор од нашата земја. Секако околу ваквите ангажмани тие се во преговори.
-Сме во преговори, за надовр од нашава земја. Тука во Европа и преку океанските земји, па како ќе не послужи среќата, така, кратко истакнува Снеже.
Со оглед на големата понуда која ја имаат на својот музички репертоар како и новиот албум на Снеже, таа е доста барана насекаде со свои настапи.

-Оваа година ја поминавме малку европски, низ европските земји, но ете имаме преговори нешто за преку океан. Кажано лично, таа голема Австралија што сите ја очекуваат така и ние, сме во големи преговори. Мислам дека за скоро ќе се изреализира. До Нова година се надеваме, затоа што мислам дека е време и го заслуживме тоа. Конечно да ја презентираме таа наша песна и тој наш стил што го гаиме да направиме некој добри концерти таму, истакнува Далибор.
Далибор и Снеже при гостувањето во ИН продукција најавија дека својот работен ангажман за Новогодишните празници ќе биде во Европа, каде конкретно истакнаа дека ќе отркијат во следното нивно гостување.
