Мадона со сите шест деца во Малави

Please follow and like us:
Pin Share

Мадона отпатува во Малави за да ја прослави првата годишнина од основањето на Центарот за детски операции и интензивна нега „Мерси Џејмс“, кој го носи името на една од нејзините ќерки.

59-годишната пејачка сподели семејна фотографија на Инстаграм, на која позира со сите шест деца.

„Дрво на животот… Детска болница ‘Мерси Џејмс’!!! Една година подоцна“.– напиша Мадона на фотографијата со 21-годишната Лурдес, 17-годишниот Роко, 12-годишните Мерси и Дејвид и 5-годишните близначки Естер и Стела.

Центарот кој е создаден благодарение на Мадона, беше отворен на 11 јули 2017 година. Мадона има две биолошки деца и четири посвоени деца кои потекнуваат токму од Малави.

 

Please follow and like us:
Pin Share