Летниот период резервиран за свадби и фамилијарни прослави

Please follow and like us:
Pin Share

Екстра бенд од Битола со бројни ангажмани периодов. Од бендот велат дека летото е резервирано за свадбите и семејните прослави, а од на есен продолжуваат и со ангажманите по дискотеките и локалите во Битола и другите градови низ Македонија.

Периодов е преполн со настапи и работни ангажмани и за Битолскиот Екстра бенд. Деан Ѓоргиовски, вокал на бендот истакна дека во моментов се сконцентрирани на семејните прослави, бидејќи ги има во голем број.

-Овој летен период се знае каде сме, свадби или пак други фамилијарни веселби. Немаме време за други ангажмани како што се дискотеките, кафе барови и разни локали во Битола и надвор. Минатата година снимивме нов проект точно за време на тие свадби, за време на фамилијарните веселби кога бевме најмногу ангажирани.-вели Деан, при интервјуто за ИН ТВ, додавајќи дека веќе размислуваат за нов проект кој ќе биде поразличен од она што досега го снимиле.

-Нормално дека планираме некој нов проект, но овој проект ќе биде сосема поразличен од оние два коишто ги имаме веќе снимено. Другиот проект ќе биде во стил на нашата песна Сега оди, па да го испочитуваме малку и тој стил.-додава тој.

Од бендот велат дека изминатите две години, за Новогодишните празници имаа можност да ги забавуваат нашинците во Америка, а во моментов се во преговори за неколку турнеи, но сеуште не се знае точно каде ќе отпатуваат.

Сите содржини и објави на estradaplus.com се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено без договор со редакцијата.

Please follow and like us:
Pin Share