Емина Јаховиќ открива зошто се разведе од Мустафа Сандал!

Please follow and like us:
Pin Share

Емина Јаховиќ најпосле открива зошто се разведе од Мустафа Сандал. Таа изјавила дека никогаш не се карача со сопругот, љубовта едноставно исчезнала.

Емина Јаховиќ проговори за разводот од турската ѕвезда Мустафа Сандал и призна дека минува низ доста тежок период како приватно, така и професионално.

Иако се шпекулираше за многу причини зошто се раздели познатата двојка, пејачката најпосле реши да ги прекине сите приказни и да ја открие вистинската причина зошто мораа да го прекинат бракот.

-Ништо нема да се промени поради тоа што немам сопруг, вели Емина. Како што додава, никогаш не се карала со сопругот, едноставно љубовта исчезнала.

Претходниот период за неа беше доста турбулентен, а дури пред година ипол донела одлука дека треба да се разведе.

-Не сметам дека семејството се сруши, јас и Мустафа остануваме пријатели, тој е добар човек, заклучува таа.

Please follow and like us:
Pin Share