Покрај староградските песни, Група “Варош” пеат се што ќе побара публиката !

Please follow and like us:
Pin Share

Покрај тоа што ја негуваат староградската песна, свират се што ќе побара нивната публика. Со оглед на тоа што нив нивните свирки се посетувани од странски гости, членовите на Група “Варош” знаат да запеат и на друг јазик.

Членовите на Група “Варош” гостуваа во студиото на ИН продукција. Освен тоа што важат за група која ја негува староградската музика, велат дека свират се што ќе побара публиката.

-Направивме една ваква комбинација и се трудиме да ги негуваме овие наши охридски песни, но не ги свириме само тие песни, бидејќи свириме во таков ресторан, во Хотел Сити Палас, во Белведере и останати локали, свириме секаква музика. Можам да кажам дека сега е и малку потешко да се задоволат сите желби, но ние се трудиме да започнеме со нашата стара традиција, односно македонска песна, па се до оние помодерни песни.-истакна Тони Танкоски кој свири на хармоника.

Со оглед на тоа што Охрид е туристички град кој го посетуваат голем број туристи од сите земји низ светот, на нивните свирки се случило да им побараат и песна на друг јазик.

-Тука ни доаѓаат луѓе од целиот свет и не прашуваат ете дали знаете некоја норвешка песна или како пред некој ден имавме случај кога ни побараа чешка песна и ние ќе му отсвириме, бидејќи Охрид е таков град посетуван од цел свет и мора едноставно да ги изненадиме дека ние сме овде сезналци и мораме да ги испочитуваме.-вели тој.

Тие велат дека сепак најголем акцент ставаат на македонската песна, бидејќи оттаму се и нивните корени.

-И треба да ја негуваме нашата песна, малку сме хендикепирани бидејќи сега некако се оди на нешто ново и помодерно, поаранжирано и повеќе на песни од соседството, но тое е краткотрајно, сепак пак се навраќаме на нашето македонско и веќе кога ќе се засвири таа стара македонска песна, сепак се враќаме на некои поубави времиња и поубава психолошка динамика се развива кај луѓето.-додава Танкоски.

Додаваат дека со македонската песна, присутните гости повеќе се опуштаат и подомаќински се чувствуваат во просторот кадешто се свири таа песна.

Инаку, бендот постои скоро 3 години, а се состои од тројца искусни музичари.

Please follow and like us:
Pin Share