Џенифер Лопез во уникатна креација на Zuhair Murad

Please follow and like us:
Pin Share

Со впечатлив и атрактивен стајлинг, Џенифер Лопез успеа да го привлече вниманието на сите присутни на прослава во Њујорк. Таа се појави во креација на Зухаир Мурад, односно во тоалета со длабоко деколте.

Пејачката Џенифер Лопез беше главна ѕвезда на прославата “Time 100 Gala” во Њујорк, со впечатлив и атрактивен стајлинг успеа да предизвика огромно внимание на сите присутни.

Во светликаво сребрено-златна, провокативна тоалета со потпис на Zuhair Murad прошета како вистинска дива на црвениот тепих. Длабокото деколте им падна во очи на сите, а длабокиот израз од страна ги истакна нејзините затегнати нозе.

48-годишната пејачка е толку згодна што уште на таквата форма на изглед можат да и позавидат и многу помлади колешки.

Please follow and like us:
Pin Share