
“Две солзи ми капнаа”, “Како да дојдам на свадбата твоја”, “Не губи време по мене” и уште бројни хитови испеа во 90-те години познатиот Гоце Петрески Бананата. Гоце изминатиов период живее и работи во
Австралија од каде твори и понатака создава македонска песна. Во последно време новите музички правци наложуваат да се создава нова песна, но и да се внесуваат модерни музички ритми во песната.
-Нешто се бара , нешто се експериментира. Во новите работи што ги правиме, јас како музичар или еден од тие музички уметници што пробува нешто да направи, не сакам да му бидам на луѓето досаден со еден стил, туку пробуваме некогаш нешто ново. Тоа ново некогаш ќе успее, а некогаш не. Секогаш сме со надеж. Нешто ново, нешто во постар стил , но јас како човек не сакам да се задржам стално на еден ист стил, сакам да пробам нешто ново. Некаде ќе успееме, некаде не но тоа е тоа, вели Гоце.
Во поглед на препејувањето на песните, Гоце смета дека секој со своја причина го прави тоа, но додава дека чувствува недостаток на нови песни.
-Лично осеќам недостаток на нови песни во македонската музика и ако не креираме немаме некој прогрес , не одиме напред. Сето тоа е добро , да се негува старата песна ама еве неможам јас да останам на една песна и да ја пејам со години. Мора луѓето да слушнат нешто ново , да не им се здосади . Убаво е да се одржува тоа, но ако се претера тоа да се снимаат само некои песни во препејување , тогаш стагнира македонската музика, истакнува Гоце.
Гоце Птресеки во моментов работи на својот нов албум, за кој најави промоција следниот пат кога ќе дојде во родната Македонија.
