Успешна турнеја во Австралија оствари и Анета Наковска пред извесно време. Од сите нејзини концерти таму, Анета како најзапаметен го издвојува концертот во Перт.

Анета Наковска со голем број импресии од Австралиската турнеја. Таа при нејзиното гостување во ИН Продукција истакна дека на нејзините концерти се пееле исклучиво македонски песни.
-Има една прекрасна хемија, една преубава конекција енергетска на концертите кога пееме со нашите луѓе кога ќе дојдат да не слушаат и да се развеселат. Најголемата убавина лежи тука. Значи, кога се случуваат концертите и кога сите заедно сме онака сплотени со македонската преубава песна. Таму се пеат исклучиво македонски песни и затоа песната не сплотува. Нормално шетаме, се запознаваме секогаш со нови луѓе, посетуваме пријатели од порано што сме ги стекнале, тоа е истотака големо задоволство за мене, бидејќи јас имам прекрасни другарки таму.-вели Анета.

Заедно со охридската група Чардак, остварија околу осум концерти во повеќе градови низ Австралија. Како најзапаметен, Наковска го издвојува нивниот прв концерт кој се одржа во Перт.
-Можам да кажам дека најзапаметен онака најпрекрасен ни беше токму првиот концерт во Перт. Значи најубавото нешто се случи на првиот концерт таму. Сите концерти беа убави, меѓутоа него би го издвоила како посебен концерт, навистина беше посебно нешто. Претежно, сите пејачи кога доаѓаат во Перт, секогаш има најмалку посетеност.
Незнам, тоа сите сме се прашувале зошто е тоа така и сега се случи токму спротивното, чудо. Буквално немаше место, се враќаа луѓе. Толку беше преполна салата во Перт, ама не само што се преполни, туку луѓето што дојдоја толку преубав народ, весели, расположени. Имаше една магија во воздухот, една посебна енергија убава и од тој аспект говорам. Многу весело, многу убаво како за првпат во Перт. Од сите мои турнеи во Австралија, и концерти на колегите со кои имаме разменувано искуства, вакво нешто во Перт не се има случено одамна.-додава Наковска.

