Влатко Алексовски сними спот за “Сузана”

Please follow and like us:
Pin Share

Влатко Алексовски сними спот за преработката со наслов “Сузана”. Снимањето кое се одвиваше на повеќе локации во Маврово, помина во одлична и позитивна атмосфера. Влатко очекува спотот да биде добро прифатен од јавноста.

Најновата преработка на фолкерот Влатко Алексовски насловена како “Сузана”, доби и свој спот. Видеото се снимаше на неколку прекрасни локации во Маврово, во соработка со ИН Продукција.

-Снимањето помина во една позитивна атмосфера. Всушност, секогаш кога сум со тимот на ИН, атмосферата е на највисоко ниво. Ете веќе панорамски се гледа, се наоѓаме на еден од најубавите делови во нашата Македонија, во Маврово. Тука е блиску, позади нас и Ски центарот-Маврово. Вкусно одбрано место, бидејќи еве ќе потенцирам дека на ова место многу познати музички брендови имаат снимано спотови, Жељко Јоксимовиќ, Дино Мерлин. Па еве и ние да се вклучиме во тој ред и ние снимивме спот за мојата најнова песна Сузана.-истакна Влатко при неговото интервју.

Во спотот како главен лик се појавува познатиот модел, Тина Спасеноска која во 2013-та година ја освои титулата Мис на Македонија.

-Прекрасно си поминав, навистина можам да се приклучам на зборовите на Влатко, дека атмосферата беше позитивна и дека соработката ни беше одлична, се помина во најдобар ред. Имаше доста интересни сцени, коишто ќе можат гледачите да ги погледнат во спотот.-вели Спасеноска.

Влатко е задоволен од тоа колку досега е прифатена песната, а се надева дека и спотот ќе биде доста гледан.

-Неодамна гостував во студиото на ИН ТВ. За само две недели песната има гледаност над 15 000, што е од старт еден добар показател дека сепак спот си е спот, дека спотот ќе биде доста прифатен и гледан. А од она што го сработивме, сите сме оптимисти дека на праг е еден хит и еден успешен проект. Публиката не ме препознава како пејач кој преработува песни, но оваа песна во последно време, источниот сосед, односно бугарите ја направија хит, иако таа е стара еврејска песна, па ете зошто да не биде и на македонски јазик.-додава фолкерот.

Please follow and like us:
Pin Share