Вики Филипова е голема хуманитарка која сака да помогне секому

Please follow and like us:
Pin Share

Познатата македонска музичарка Вики Филипова која долги години живее и работи во Германија, можеби не е толку многу експонирана на германската музичка сцена, но ја има буквално на сите македонски забави и прослави кои се организираат во оваа далечна земја. Помеѓу другото Вики посебно се јавува на повеќето хуманитарни прослави и значи како голем хуманитарец кој сака да помогне на секого.

-Ги пеам нашите ситни прослави, свадби, крштевки, веридби и така натака. Хуманитарноста е дел од мене. Тоа го правам од срце од душа и секогаш не само за луѓето кои живеат таму мои пријатели и роднини, било кој од која националнот. Секогаш сум спремна да помогнам. Сама не можам тоа да го реализирам , јас сум иницијатор за сето тоа, но ми требаат и луѓе кои ќе ми помогнат во сето тоа. Понатаму сакам да помагам, не само на луѓето таму. Ние сме македонски клуб многу мал и многу ретко нешто организираме, бидејќи мало градче е и не може да се најде сала која може да ни се додели. Одиме насекаде во околината на музики, во цркви и посетуваме се што е рамките на музиката. Кога ќе се вратам назад ќе направам уште еден хуманитарен концерт кои средства ќе бидат намеменети за дете тука во Македонија, истакнува Вики.

Притоа како што истакнува Вики, во Германија постои голема совест за хуманитарност и помош на секој кој му е потребна.

-Можам да кажам дека сме во секој случај хуманитарци и социјалци. Ако не на тој начин да се плати влезница од 5 или 10 евра тие ќе дојдат ќе помогнат во кујна, во служење на гости, внесување на торти, колачи, пити. Тука сето тоа што се продава влегува во една каса и тие пари се донираат онаму каде што биле наменети. Сите се тука и се повикуваат без проблем целата организација тече беспрекорно, додава Вики.

Вики неодамна беше на кратко во нашата земја, каде престојот го искористи за снимање на нов видео запис во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share