
И покрај неговите бројни работни ангажмани како и кратки турнеи надвор од нашата земја, Благојче Стојаноски Туше сепак најавува снимање на нови песни и видео записи.
-Планови наредни ми се сигурно со ИН продукција имам план да снимам два спота најмалку и летото имам тука ангажмани низ Македонија со свадби, крштевки, соло настапи во летувалиштатат во Преспа, Крани, Претор, истакнува Туше.
Покрај своите соло кариери, Благојче настапува и заедно со групата “Персиди” од Ресен со кој како што вели ги бележи и првите негови почетоци.
-Со нив почнав да работам. Ги бележам моите почетоци со дуо “Персиди”. Двајца од нив беа цело време 7-8 години заедно но патиштата не разделија, јас заминав за Австралија да живеам. Тие си останаа тука. Работам со “Персиди” во последно време свадби, секакви настапи. Испадна концерт во Шведска. Работам со секоја една група која ќе понуди соработка. Ако треба јас ангажирам и групи , ако не се ”Персиди” слободни ги барам “Форум”, значи соработувам со сите, немам некоја одредена граница, додава Туше.
И покрај големата долгогодишна соработка со оваа група сепак Благојче нема заедничка песна со нив. Тој ги напоменува неколкуте дуетски песни со познатите пејачи од македонската музичка сцена.
