Група “Респекти” најавуваат нов голем летен хит

Please follow and like us:
Pin Share

Веднаш по неодамнешните снимања на неколку кавер сплетови, момците од групата “Респекти” речиси се неуморни. Тие за следниот период најавауваат нова песна, односно нов летен хит.

-За брзо време подготвуваме нова песна. Нема да откирјам наслов или ритам, но ќе биде за кратко. Само да најдеме прв момент некој слободен термин, влегуваме во студио и пак ќе снимаме. Нов летен хит и мислам дека тоа ќе биде правиот погодок на група “Респекти”, вели фронтменот на групата, Даниел Сидовски.

Тие најавуваат дека до крајот на годината ќе има и други хитови, покрај минатогодишната наменска песна “Пуста да е печалба” која е доста пеена и барана на нивните настапи. Група “Респекти” исто така подготвуваат и нов албум кој како што вели Даниел плановите се да биде завршен до крајот на оваа година.

Please follow and like us:
Pin Share