Елена Јовческа доби понуда повторно да настапува во Канада за Дочекот на нова година. Таа вели дека најверојатно ќе ја прифати таа понуда, но можеби ќе остане само неколку дена, па ќе продолжи со ангажманите во нашата земја.

Фолкерката Елена Јовческа е доста барана надвор од нашата земја. Новогодишните празници ги помина со ангажмани во Канада, а веќе има понуда повторно да настапува на истото место за Дочекот на 2019-та година.
-Уште кога бев во Канада за Новогодишните празници веќе добив понуда на Нова година повторно да сум таму. Најверојатно ќе ја прифатам таа понуда. Чекам уште малку да видам како ќе се одвиваат работите, меѓутоа за Нова година можеби ќе бидам само три-четири дена во Канада и повторно се враќам.-истакна Јовческа.

За Елена нема пауза. Кога станува збор за настапите во нашата земја, зафатена е секој викенд, а нејзината агенда е скоро полна и со свадбените прослави.
-Јас немам воопшто направено пауза. Настапувам секој викенд, по празникот Велигден, веќе започнаа и свадбените прослави, секој викенд. Се надевам дека и Џељо истото ќе го каже, затоа што и тој има доста свадби. До септември веќе се полнат датумите и мене ми е драго што тоа е така и што ме сака македонскиот народ.-додава фолкерката.
Таа неодамна во емисијата “Промо” ја претстави нејзината најнова песна со наслов “Македонци не има сегде”, која ја посветува на нашинците ширум светот. За скоро време оваа песна ќе добие и свое видео кое ќе биде во соработка со ИН Продукција.
