
Бијонсе ги повика на сцената нејзините поранешни колешки од групата „Дестинис чајлд“ Кели Роуланд и Мишел Вилијамс за време на нејзиниот настап на фестивалот Коачела.
На огромно изненадување на публиката трите ги испеаја хитовите на групата „Lose My Breath“, „Say My Name“ и „Soldier“.
Ова е прв заеднички настап на трите пејачки од настапот на Stellar Gospel Music Awards во 2015.
Настапот на Бијонсе (36) на Коачела имаше војничка тематика – танчерите беа облечени во војнички костими, а шоуто го отвори со хитот „Crazy In Love“ во придружба на воен оркестар.
За време на двочасовниот настап таа неколку пати ги цитираше активистот за граѓански права Малколм Екс и феминистката Нгози Адичи и пееше извадоци од песни на Нина Симон.
Настапот на Бијонсе го затвори вториот ден од тридневниот фестивал во Калифорнија што завршува вечерва со шоу на Еминем.
