Бијонсе приреди настап за паметење на Коачела

Please follow and like us:
Pin Share

Епскиот настап на Бијонсе на Коачела, беше една од главните теми за која пишуваа медиумите викендов. Критичарите го оценија како еден од нејзините најкомплетни настапи до сега, со совршена координација меѓу секој сегмент на сценската приказна. После долги години, на иста сцена Бијонсе повторно ги обедини Destiny’s child што беше едно од најголемите изненадувања вечерта. А покрај ѕвездите на најголемата женска поп сензација пред десетина години, на Бијонсе на сцена и се придружија и Џеј Зи и Соланж Ноулс.

Една година откако се повлече од Coachella поради бременоста со близначињата Руми и Сер, Бијонсе настапи на популарниот фестивал и ја воодушеви публиката. Музичката дива носеше четири костими креирани од Оливие Рустан од Balmain, се обедини со Кели Роланд и Мишел Вилијамс и настапи со сопругот Џеј Зи, како и со сестра си Соланж.

Цели 2 децении по формирањето на женскиот бенд Destiny’s Child, трите музички ѕвезди ги изведоа хитовите „Lose My Breath“, „Say My Name“ и „Soldier“.

– Коачела, ти благодарам што повторно нè обедини, изјави Бијонсе потоа.

Бијонсе со Џеј Зи настапи со „Déjà Vu“, додека со Соланж  „Get Me Bodied“.

Фестивалот се одржува еднаш годишно, секоја пролет и трае два викенда, во градот Индио, Калифорнија, САД.

Please follow and like us:
Pin Share