Елена Јовческа : Македонците надвор од нашата земја повеќе ја ценат македонската песна !

Please follow and like us:
Pin Share

Елена Јовческа неодамна оствари неколку концерти во Швајцарија и Италија. Таа при гостувањето во ИН продукција истакна дека е презадоволна од нејзините настапи, дека си поминала прекрасно, а се надева дека и тамошната публика е задоволна.

Елена Јовческа е позната по нејзините бројни настапи како во земјава, така и надвор од неа. Таа неодамна оствари неколку настапи пред нашите иселеници во Швајцарија и Италија.

-Бев двапати во Швајцарија и еднаш во Италија. Имав три настапи и поминавме одлично. Мислам дека македонците беа презадоволни, исто и јас. Едниот концерт беше во Цирих, другиот во местото Пајерн, додека во Италија бев во Удине, поминавме еден прекрасен ден. Таму го прославуваме празникот Прочка, имавме одлична забава и многу ми беше драго што во Италија нашите прослави се во недела, убаво беше тоа што беше денски, а не навечер. Имавме доста публика и можам да кажам дека на двата концерти и во Удине и во Швајцарија во Цирих снема пијачка. Тоа морам да го кажам. Затоа што ги прашав дали може да кажам, викаат да слободно да кажеш дека навистина беа одлични концерти и мислам дека дадов максимум од себе и се задоволни оние коишто беа таму.-истакна познатата фолкерка.

Јовческа често настапува надвор од Македонија и вели дека разликата меѓу настапите тука и таму е во тоа што тамошните македонци повеќе ја бараат и ценат македонската песна.

-Не гледам некоја разлика во народот затоа што музиката која се слуша тука, се слуша и таму, меѓутоа тамошните македонци, македонската музика ја ставаат на прво место и мене ми е драго што е тоа така. Тука во Македонија, а и во Европа станува збор за балкански вечери кадешто неможам да кажам дека преовладува балканската музика спрема македонската, но се пее се.-додаде Јовческа.

Според Елена, најбитно е сите луѓе да бидат весели, расположени и публиката да си замине задоволна од концертот.

Please follow and like us:
Pin Share