Бобан Мојсовски соработува со голем број музичари од македонската естрада. Тој вели дека покрај нашите музички имиња има направено и доста песни за бугарски пејачи. Во моментов приоритет му е кариерата на младата Стојне Николова, бидејќи таа е дел од неговата продукциска куќа.

Композиторот и музичар Бобан Мојсовски, досега има соработувано со голем број музички имиња од нашата земја, но и надвор од неа. Тој при гостувањето во ИН Продукција истакна дека во моментов е посветен на кариерата на Стојне Николова, која е дел од неговата продукциска куќа.
-Па да, сум работел со многу еминенти од нашата сцена и надвор од Македонија, значи доста имам песни сработени за бугарски пејачи, меѓутоа со од нашата естрада нема да ги набројувам сите, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Зуица Лазова итн. Моментално работам само за Стојне, сега засега, затоа што таа ми е приоритет бидејќи е дел од продукцијата.-вели Мојсовски.

Радува фактот што голем интерес за снимање во неговата продукција има од страна на младите пејачи. Тој вели дека има квалитет кај младите луѓе, иако сите тие знаат колку е тежок патот во шоу бизнисот.
-Мислам според мене е залудно губење време на неталентиран човек којшто сака да се занимава со шоу бизнис, поготово со пеење. Порано народот, кој разбира кој не разбира викаа леле што е убава оваа, а некој леле колку добро пее. Меѓутоа според мене првенствено е да има дарба од Господ и да пее, да е талентиран, а второто е да биде убав. За жал денеска, музиката е сведена на ниво да повеќе се гледа, него да се слуша.-додава композиторот.

Бобан вели дека сака да работи поразлично додавајќи дека еден пејач најпрво треба да има квалитет и добри гласовни способности за да може да се дојде до одличен резултат и да се направи прекрасно музичко дело.
