Џесика Палашоска по малата пауза најавува нова песна и спот

Please follow and like us:
Pin Share

По краток период на кој младата битолчанка Џесика Палашоска, се посвети на студиите, сега повторно се враќа на музичката сцена. Како што додава таа ваков период и бил потребен со оглед на претходните бројни ангажмани кои ги имаше.

-Ме немаше одреден период. Се посветив малку на студиите, малку одморив. Мислам дека имав еден доста бурен период, две турнеи и ми требаше време за да се вратам во форма. Не сакам да излегувам кога немам што да кажам, мислам дека не треба да се троши времето, туку да се остави за оние кои имаат што да кажат, вели Џесика.

Таа нагласува дека во периодов работи на нова песна.

-Најново е работам на нова песна, па се надеваме дека и времето ќе не послужи да снимиме и добар спот и се разбира да имаме промоција на сето тоа, вели Џесика.

Минатата година Џесика сними видео запис за песната “Една е Македонија” во соработка со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share