Ангел Стојкоски подготвува преработката на песната “Абер ми дојде од Солуна града”. Деновиве во соработка со ИН Продукција, ќе се сними и видео запис за истата. Ангел најавува и снимање на авторска песна за скоро време.
Младиот и талентиран Ангел Стојкоски кој до неодамна беше дел од Романтик бенд, започна соло кариера. Тој во моментов подготвува преработка на познатата народна песна “Абер ми дојде од Солуна града”, која е во соработка со композиторот и клавијатурист Илија Тотовски-Тота.
Ангел открива дека за скоро време оваа песна ќе добие видео запис, кој ќе го работи ИН Продукција.
Деновиве се очекува да биде готова преработката, а за следниот период најавува и снимање на негова авторска песна.