Дамјан Стојаноски презадоволен од првиот албум

Please follow and like us:
Pin Share

Дамјан Стојаноски презадоволен од неговиот прв албум, како и од продажбата на истиот во Австралија. Тој периодов работи на снимање нови песни, од кои едната ќе конкурира на Валандовскиот фестивал.

Пред заминувањето на турнејата во Австралија, Дамјан Стојаноски го издаде и својот прв албум. Тој е презадоволен од тоа како бил прифатен албумот кај нашинците и од продажбата на истиот.

-Албумот се подготвуваше уште од 2012-та година со снимањето на првата песна и така со договарањето на мојата турнеја во Австралија беше и наметнато за побрзо да се сними албумот и таму да одам со готов производ. Албумот таму беше доста добро прифатен, секако им оставив и како поклони, а и се продадоа доста цд-а. Албумот може да се најде во Сенатор Рекордс во Битола.-истакна Стојаноски.

Дамјан периодов е повеќе посветен на факултетот, но не ја изоставува и музиката, бидејќи секогаш работи на снимање нов материјал.

Тој открива дека има прекрасна песна со која ќе конкурира на Валандовскиот фестивал, а во моментов работи на уште една народна која ќе биде во малку поразличен стил.

-Па да, како што кажав чекаме да видиме со песната за конкурсот за Валандово. Истотака спремам и една друга песна народна, можеби ќе биде со малку поразличен аранжман, нешто поинтересно, но не далеку од народното.-додава Дамјан.

Тој додава дека Валандовска песна ќе мора најпрво да помине на фестивалот, но другата песна најверојатно ќе се промовира заедно со спот.

Please follow and like us:
Pin Share