Следниот период полн со ангажмани за фолкерката Сања Ристеска

Please follow and like us:
Pin Share

Сања Ристеска периодов го користи за одмор, бидејќи периодот кој следи ќе биде доста работен за неа, со голем број ангажмани и настапи низ Македонија. Таа вели дека иако има доста работа, секогаш си одвојува слободно време за себе.

Периодов го користи за убаво да се одмори и да ги наполни батериите за следните ангажмани. Сања Ристеска при нејзиното гостување во емисијата Промо истакна дека агендата со настапи и семејни прослави за следниот период е скоро полна.

-Во моментов сеуште се одморам од Новогодишните празници и турнејата во Америка. Ми треба еден одмор затоа што доаѓа лето, свадбените веселби ни се тука. Имам доста закажани семејни веселби, се надевам дека ќе има сеуште.-вели Ристеска.

И покрај големиот број ангажмани, Сања вели дека секогаш си одвојува време за себе, а слободните денови најчесто ги поминува во теретана.

-Јас секогаш си викам дека мораш да си пронајдиш слободно време и секогаш гледам да имам слободно време за себе, а истото го трошам во теретана.-додава фолкерката.

Таа неодамна ја промовира нејзината најнова песна “Македонијо не те даваме”, а како комплетен автор на истата се потпишува композиторот Гоце Костоски-Пејак.

Please follow and like us:
Pin Share