Младите момчиња својата сорботка ја официјализираа во група “Зарина”

Please follow and like us:
Pin Share

Претходната соработка која ја имале дел од групата , пред  повеќе од една година ја имаат официјализирано во групата “Зарина”. Оваа струшка група бележат бројни настапи долж охридско-струшката ривиера, а посебно за истакнување е тоа што ја негуваат староградската песна.

-Претходно соработувавме. Со Тони сме школски од средното. Златко беше тука неколку години , па решивме така да се оформиме во една група “Зарина”. Сепак, мислам дека е друго кога ќе бидеме како група. Претходно свиревме малку така да речам присобрани, сега поорганизирани, вели Стефан од групата “Зарина”.

Кумот на нивнта група е Стефан, член од групата.

-Сепак тоа е едно старо име, во смила да се продолжи традицијата, да се негува и заштити тоа автентичното, вели Стефан.

Периодов кој следува оваа група најавува настапи во хотелот “Изгрев” во Струга како и во хотел “Дрим”. Неизоставен дел од нивните работни ангажмани се и приватните забави, свадби и останати веселби, каде се доста барани.

Please follow and like us:
Pin Share