
Иако изминативе неколку години живее и работи во далечната Австралија фокерката Татјана Лазаревска сеуште ја пее и ја создава македонската песна.
-Фестивали можеби нема , меѓутоа има настапи, забави, концерти каде што можеме да си ги испееме нашите песни, така да фестивалите и таму некако се поднамалени, но има други начини и моменти каде што настапуваме и си ги промовираме нашите песни. Најповеќе е преку ИН телевизија. Си гледаме сега и Фолк клуб, следиме се што се случува, запознаени сме и во тек сме со сите нови песни и имиња на македонската фолк сцена, додава Татјана.
Она што најповеќе им недостасува како што вели Татјана во Австралија е ИН продукција како и останатите медиуми ако се има во предвид и фактот што Татјана бележи и добра водителска кариера, каде заедно со сопругот Новица беа дел од една интересна шоу програма која носеше наслов “Полна куќа”.
