Иван Радевски и посвети песна на неговата сопруга. Станува збор за песната “Уште еднаш да се родам” за која што сними и спот кој ќе биде промовиран деновиве премиерно на ИН ТВ.

Иако живее и работи во Австралија, секој момент го користи за снимање нешто ново и негување на македонската песна. Иван Радевски пред извесно време ја промовираше песната “Љубовта е како судбина”, заедно со спот, а веќе најавува уште една песна. Имено, заедно со екипата на ИН продукција која што беше на краток престој во Австралија, Иван сними уште еден спот, а песната која носи наслов “Уште еднаш да се родам” ја посветува на неговата сопруга. Текстот за оваа песна го напиша Тина Трајчевска, а за музиката и аранжманот е заслужен Славко Ристески.
Видеото се снимаше на неколку локации во Мелбурн, а еден дел беше снимен во живописните предели на Маврово кадешто се појавува и познатиот модел Евица. Гледачите за скоро време ќе имаат можност да го погледнат спотот премиерно на сателитската ИН ТВ.

Инаку, Иван во моментов работи и на вториот албум кој што е планирано да излезе наредното лето.
