Пејачката Ариана Гранде и комичарот Пит Дејвидсон се еден од познатите парови кои ова лето нѐ изненадија со брза свршувачка.

На листата, освен нив, се најдоа Пријанка Чопра и Ник Џонас, кои викендов имаа и свечена прослава во Индија, и Џастин Бибер и Хејли Болдвин, кои неодамна открија дека ќе се венчаат наредната година. Но, по сѐ изгледа дека ист план имаат и Ариана и Пит. Иако во странските медиуми кружат гласини дека веќе се венчале, пејачката во своето најново интервју за “Good Morning America”, открила дека не планираат да застанат пред олтар оваа година.
“Венчавката нема да биде наскоро. Ќе се венчаме дури наредната година”, открила Ариана и во продолжение на интервјуто ја образложила таа одлука.

“Потребно ни е време за сѐ да испланираме. Веќе започнавме да го правиме тоа, а со идеи ни помагаат семејствата и пријателите и многу ни е забавно. Со оглед на тоа дека досега многу работев, никогаш не сум посветила волку време за планирање на нешто лично и затоа сум толку возбудена, што можам и да заплачам”, признала пејачката.
