Италијанката Сара Дил Олио ја понесе Гранд При наградата на 19-от “Тра ла ла”

Please follow and like us:
Pin Share

Со прекрасен Гала концерт и доделување на наградите за најдобрите, викендов во Битола се заокружи уште едно повеќе од успешно издание на 19от Интернационален музички фестивал “Тра ла ла”. Годинава гранд

при наградата ја понесе претставничката Сара Далолио од Италија која сите свои настапи ги бележеше со беспрекорен изглед и моќен вокал кој таа го поседува. Нималку зад неа не заостана и русинката Ирина Турова која ја воодушеви и битолската публика со своите прекрасни настапи, покрај публиката во Охрид, како и 19 членото жири од кое доби највисоки оценки. Првиот човек на фестивалот Тони Алексовски е презадоволен од целосната реализација на овој како што вели најголем музички фестивал во Европа.

-Прекрасно издание на “Тра ла ла”. Публиката беше презадоволна. Гости од 18 држави, 105 изведувачи, 19 члено жири, прекрасна манифестација. Тоа заслужува да застане на врвот на пиедесталот во Европа, истакнува директорот Алексовски.

Со право овој фетивал може да го истакне фактот дека токму од Битола, тој малечки град на Балканот излегуваат големи европски ѕвезди во музичкото поле.

-Морам да напоменам и тоа дека сите овие учесници кои ги видовме вечерва и во сите изминати денови во Охрид, сите тие се учесници кои  учевствувале во големи натпреварувања, дел од нив ја претставувале својата држава на Евровизија, на големи светски фестивали така да, чест ми е што учевствуваат на нашиот фестивал во Македонија, додава Алексовски.

Младата италијанка Сара Дел Олио која годинава ја понесе Гран при наградата од фестивалот има учествувано на бројни фестивали, па дури и на детската Евровизија. Таа со право и почит ја зеде наградата бидејќи станува за извонреден вокал и талент кој има преголем потенцијал кон било каков вид музика.

Следното јубилејно издание на овој голем музички фестивал догодина кое ќе биде 20-то, Алексовски најавува уште подобра организација. Како што додава целта ќе биде да има уште поголем број учесници и  да докажеме дека во овој мал град има едно срце кое чука за љубов и музика.

Please follow and like us:
Pin Share