Џастин Бибер ја запроси Хејли Болдвин уште во јули додека беа на одмор на Бахамите, но сега изгледа работите одат од сериозно во посериозно за Хејли и нејзиното момче, откако тој го постави значајното прашање.

На својот Инстаграм профил, 21-годишната избраничка на Бибер сподели фотографија од нив двајца, како седат прегрнати на некоја јахта, каде под неа напиша дека Џастин е нејзиниот најдобар пријател.
Меѓутоа, покрај нивните насмеани лица, на фотографијата беше неизбежно да се забележи и сребрениот прстен кој чини неверојатни 500.000 долари.

