Спасен Силјаноски секогаш пронаоѓа време за своите најблиски, но и за спорт и рекреација. Тој го издвојува велосипедизмот за кој што вели дека покрај физички, го опушта и психички.

Поголемиот број музичари од македонската естрада се доста зафатени периодов со настапи и работни ангажмани, па немаат доволно слободно време. Но фолк пејачот Спасен Силјаноски при интервју за ИН ТВ вели дека секогаш пронаоѓа време како за своите најблиски, така и за спортот кој има важна улога во неговиот живот.
-Се разбира дека имам слободно време. Ние навистина настапуваме, но не онака како што претеруваат нашите колеги , не работиме 24 часа и имаме слободно време. Јас тоа време најчесто го користам за спортување, кога не сум со фамилијата.-истакна Спасен.

Познатиот пејач, најчесто сака да вози велосипед бидејќи како што вели велосипедизмот го опушта физички, но и психички.
-Секое слободно време го користам за возење велосипед и тоа 60-70 километри во ден или одам на фитнес и малку вежбам. Спортот ме опушта пред се психички, бидејќи физички имам кондиција не е проблем да издржам. Нашата работа и секоја работа со луѓе е тешка, а посебно не заморува психички, така да велосипедизмот е одличен. Возам во природа, ме опушта едноставно психички.-додава тој.
Спасен пред извесно време во емисијата Промо на ИН ТВ направи кавер верзија на песната “Не жали ме”, а во моментов го подготвува новиот албум на кој е планирано да има осум авторски и две стари македонски песни.
