Белинда Георгиески важи за голем промотор на македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

Важи за голем амбасадор на Македонија во далечната Австралија, а посебно ја промовира македонската песна. Во денешниот естраден магазин ви ја претставуваме младата Белинда Георгиески која е родена во Австралија, но има македонско потекло.

Белинда Георгиески важи за голем промотор на македонската песна во Австралија. Таа е родена во Австралија, каде живее и работи, но бидејќи има македонско потекло, Белинда често знае да си ги спакува куферите и да дојде на краток одмор во Македонија. Престојот во нашата земја, покрај за прошетка и забава, го искористи и за гостување во студиото на ИН Продукција при што ни ја пренесе состојбата со македонската песна во Австралија. Како што вели таа не пропушта концерт на нашите музичари, па секогаш кога има можност присуствува на тие концерти и ужива во македонската песна.

-Скоро на сите пејачи сум била таму, не мислам дека сум пропуштила некој концерт. Ако е наша музика и ако сум во можност, тогаш одам да им дадам поддршка. Секако и дека се бараат нашите македонски песни од нашинците во Австралија. Ги бараат и постарите, но и новите песни.-истакна Белинда, при интервјуто за ИН ТВ.

Иако е родена во Австралија и таму живее веќе 30 години, за пофалба е тоа што Беки одлично го зборува македонскиот јазик.

-Од мали нозе се научив да зборувам македонски јазик и така ми остана. Мојата баба ме одгледа уште од девет месеци и тоа време таа незнаеше многу англиски и морав да научам.-раскажува таа.

Белинда е често во друштво на познатите музички имиња кои остваруваат турнеи таму, а најповеќе ги издвојува дружбите со Џесика Палашоска и Ема од група Плетенка.

Please follow and like us:
Pin Share