Своите почетоци ги бележи со поп музика

Please follow and like us:
Pin Share

Долго време живее и работи во Шведска но жарот кон македонската песна се повеќе тлее во неа. Швеѓанката со македонско потекло Оливера Василевска која на големо се подготвува за својата прва асвтралиска турнеја, при гостувањето во ИН продукција открива дека своите почетоци ги бележи со забавна музика.

-Од почеток кога почнав да пеам, уште од мали нозе, наместо да играм со кукли, застанував пред огледало и пеев. Прво почнав со поп музика па на 15 години почнав со македонска народна музика, сакав да пробам, зошто да не. Македонка веќе сум, па така почна тоа и си остана, вели Оливера.

Притоа покрај негувањето на македонската изворна песна, Оливера има неколку препеани народни песни но и своја песна со која е препознатлива пред македонската публика. Оливера, заедно со групата Тандеми се подготвуваат на големо за нивната престојна заедничка австралиска турнеја која ќе биде кон крајот на оваа година во месец декември.

Please follow and like us:
Pin Share