
Двете песни за кои неодамна сними видео записи му беа отпеани токму на изминатите изданија на Роса фестивалот. Токму поради тоа и за оваа година, Борче Наумоски –Министерот најавува настап на Роса Фест. Претходните две фестивалски изданија тој ги отпеа “Убавица си моја” и “Ленче комшивче”.
-Планирам, искрено. Роса се одржува секогаш последниот петок од ноември месец и следна песна, нова би билла за Роса Фест. Имам и некои други планови за други проекти, не би ги открил сега за блиска иднина, истакнува Борче.
Неодамна на неколку атрактивни локации во Охрид од кои едната во поранешната фабрика на Отекс се снимаше видео записот за “Убавица си моја”, додека пак за песната “Ленче комшивче” видео записот се снимаше во пејсажните предели на селото Куратица и амбиентот на етно ресторанот Дедо Димо.
