Македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска е една од најангажираните пејачки, па секој вторник и четврток настапува во скопски ресторани и прави забава за паметење.

Нејзините колешки Татјана Лазаревска која летово престојува во Македонија и Даниела Темелковска одлучија да се опуштат од работните обврски и да уживаат во атмосферата која ја прави нивната колешка Сани, а со тоа се пофалија на социјалните мрежи.
На Фејсбук Татјана објави видео на кое Сани им пее додека тие уживаат во ресторанот, а во описот на видеото напиша „Сани ни пее на увце“.
Sani ni pee na ubvce…p.s. lele facava moja zamrznata🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣
Gepostet von Tatjana Lazarevska am Dienstag, 14. August 2018
Исто така, фолкерката Лазаревска на Инстаграм сподели селфи со Сани и Даниела, а во описот напиша „три жени – пејачки“.

