Како се создаде охридскиот бренд на забавна музика “Камелеон”?

Please follow and like us:
Pin Share

“Небо мастило”, “Не заборавај”, “Белег”, “Сама заспиваш”, “Добро утро таго” и уште многу бројни хитовски рефрени остава во сите изминати дваесет години од постоењето на забавната музичка сцена охридската

група “Камелеон”. Своите почетоци ги бележат во ‘98-та година, каде во малку изменет состав од денешниот се соединуваат две тогашни групи од охридската музика и ја формираат денешната “Камелеон”.

 

-Членови на групата се Тони Јовановски свири на бас, Роберт Милески на гитара, Петар Трифуноски на клавијатури, Зоран Кречо на тапани и јас пеам. Меѓутоа првичната потстава пред 20 години беше малку поинаква. Тогаш на местото од Петар, свиреше Никола кој моментално е во Њујорк, со неговото заминување во странство прекина соработката со нас, но секогаш кога ќе дојде знае да засвири со нас. Тапанар беше Оливер од Скопје. Групата се формира спонтано од повеќе групи. Јас свирев со Тони, имавме една група се викаше “Цагер”, Роберт свиреше во група “Герузија”, така да дојде до тој спој меѓу тие две групи, истакнува Драган Василески, вокал на групата “Камелеон”.

Својот јубилеј од 20 години групата ќе го одбележи во месец декември оваа година со голем концерт пред охриѓани.

Please follow and like us:
Pin Share