Универзал бенд најавуваат издавање на нов албум

Please follow and like us:
Pin Share

По новите видео записи кои неодамна ги реализираа за двете нивни нови песни “Љубов или навика” и инструменталниот “Закон чочек”, Универзал бенд веќе го најавуваат и својот прв албум. Како што истакнува

Алмир, вокал на бендот, не ја исклучуваат можноста заедно со Амет кој во голема мера се јавува како автор на песните да направат и албум.

-Размислуваме на тоа со Амет, откако сме заедно во група. Тоа ни е во план. Ние ќе се продолжиме со снимање на нови песни, снимање на спотови па и наш албум во иднина, истакнува Алмир.

Бендот Универзал е баран насекаде со свои настапи, особено сега во летниот период кога е екот на бројните свадбени свечености.

-Повеќето сме барани низ скопскиот регион. Имаме понуди од некој настапи надвор од нашата земја, а најповеќе од Дебар, Кичево, па ќе продолжиме понатака, додава Алмир.

Универзал бенд неодамна беа на кратка турнеа во Швајцарија каде се најповеќе барани токму во оваа земја. Не ја исклучуваат можоста за настап и турнеја и во друга земја, каде што се во тек на преговори.

Please follow and like us:
Pin Share