“Кога некоја работа се работи со љубов и се сака, не постои препрека што неможе да се надмине.” Ова го истакна познатиот гитарист Тоде од групата Марифет при неодамнешното интервју за ИН Продукција. Од бендот имаат и позитивно мислење за проектите кои ги создаваат нивните колеги од естрадата.

Групата Марифет од Прилеп постои скоро две и пол години на македонската естрада, а се состои од 5 искусни музичари. При нивното неодамнешно интервју истакнаа дека не постои препрека која неможе да се надмине доколку се работи она што најмногу се сака, а тоа за нив е музиката.
-Точно е дека покрај музиката имаме и други дејности, така да некогаш наидуваме на потешкотии, ама кога некоја работа се работи со љубов и се сака, не постои препрека што неможе да се надмине. Разбирањето моментално е на високо ниво, имаме голема толеранција и задоволство е да се работи со вакви колеги.-вели Тоде.

Тие имаат позитивно мислење за македонската естрада и велат дека ги поздравуваат сите оние бендови кои напорно работат и се трудат да создаваат нешто ново.
-Пред се јас би ги поздравил сите колеги, инструменталисти, солисти и бендови кои создаваат проекти. Кога се создава е убаво, се остава во историјата на македонската музика. Без разлика каков тип и каков стил на музика тие се определиле да создаваат, така да веројатно потребата и желбата да се излезе на музичката сцена , тие се прилагодуваат каков тип на музика. Така да ги поздравувам сите колеги и бендови поради тоа што пред се прават некакви проекти.-вели Кире, бас гитарист на група Марифет.
Тие неодамна снимија спот за нивното прво музичко дело, кое е насловено “Марифет оро”. Видеото се снимаше на две локации во Прилеп, а во соработка со ИН Продукција.
