ХИТ КОЈ ВЕЌЕ ГО ОСВОЈУВА ПУБЛИКАТА: КИРЕ НАУНОВСКИ ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ ВИДЕОЗАПИС ЗА „ТИ ЌЕ БИДЕШ МОЈА“

Please follow and like us:
Pin Share

Македонскиот пејач Кире Науновски официјално го претстави својот најнов видео запис за песната „Ти ќе бидеш моја“, композиција која уште на прво слушање носи силен хит-потенцијал и веќе ги освојува симпатиите на публиката.

Видеозаписот е снимен на повеќе атрактивни локации во Св Николе, а дел од кадрите се реализирани и во Чешка, што на целиот проект му дава дополнителна визуелна динамика и интернационален печат. Современата приказна, внимателно одбраните локации и квалитетната продукција придонесуваат спотот да изгледа впечатливо и да ја долови емоцијата што ја носи самата песна.

Ова е еден од двата видео записи што Кире Науновски ги реализираше во соработка со IN Продукција, продолжувајќи ја успешната соработка која резултира со модерни и професионално изработени музички проекти.

Со препознатливата интерпретација, заразната мелодија и визуелно впечатливиот спот, „Ти ќе бидеш моја“ има сите предуслови да стане една од песните што ќе ја одбележат оваа музичка сезона.

Погледнете го најновиот видео запис на Кире Науновски за песната „Ти ќе бидеш моја“ и уверете се зошто многумина веќе ја нарекуваат неговиот следен голем хит.

Please follow and like us:
Pin Share