Легендарниот Цаки Кисми официјално објави бомбастична турнеја низ Австралија за следната година, која ќе се одржи во февруари и март! Кралот на фолк журките и хитмейкерот од 90-тите, со повеќе од 20 песни кои и денес се слушаат и се парат на забавите, се враќа на сцена со истата страст и енергија што го направија легенда.
Овојпат, Цаки се враќа во рацете на старите менаџери од Австралија, со кои порано ги организирал своите концерти низ континентот. Како дополнителна поддршка на турнејата, на сцена ќе го придружува младиот и талентиран пејач Никола Станисич, заедно со саксофонистот Тинчај и клавијатуристот Саше, кои ќе додадат свежа енергија и модерен звук на незаборавниот фолк репертоар.
Публиката може да очекува вистински спектакл, комбинација од класични хитови, емоционални балади и динамични фолк-ритмови, кои ќе ги потсетат на незаборавните 90-ти, но и ќе донесат нова музичка магија за сите генерации.
Турнејата ветува неверојатна енергија, незаборавни моменти и австралиски спектакл кој нема да се заборави, па сите обожаватели на Цаки Кисми треба да ги резервираат билетите навреме!

