„Македонската гордост блесна во Мелбурн – 600 жени на величествената прослава за 8 Март“

Please follow and like us:
Pin Share

Традиционално и оваа година во Австралија достоинствено и свечено беше одбележан 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Македонците во дијаспората уште еднаш покажаа дека и на илјадници километри од татковината силно живее македонскиот дух, почитта кон традицијата и љубовта кон нашата култура.

Нашинците масовно го прославуваа празникот на повеќе места низ Австралија, но централната и најголема манифестација се одржа во познатиот и престижен ресторан Sheldon Reception во Мелбурн. Салата беше исполнета со околу 600 жени, кои во прекрасна атмосфера го одбележаа празникот посветен на жената – симбол на семејството, љубовта и силата на нацијата.

За незаборавната атмосфера и одличната забава се погрижи атрактивната пејачка Сања Ристеска, која со својот настап внесе голема енергија и ги крена присутните на нозе. Специјален гостин на вечерта беше Петар Дамчески, додека пак за вистинската македонска музичка душа се погрижија познатите ужичари Стефан Ноцевски и Роп Реџеповски i Татјана Степановска, кои со своите изведби создадоа автентична македонска атмосфера.

Вреди да се истакне дека Sheldon Reception е еден од најексклузивните ресторани во Мелбурн, а особена гордост за македонската заедница е фактот што овој престижен објект е во сопственост на Македонци. Тоа уште еднаш покажува дека Македонците во Австралија не само што успешно ја градат својата иднина, туку и достоинствено го чуваат и афирмираат македонското име.

Оваа прекрасна прослава беше уште еден доказ дека макед

онската традиција, култура и заедништво живеат силно меѓу нашинците ширум светот. Каде и да се Македонците, таму се слуша македонска песна, се игра македонско оро и со гордост се слави македонското име.

Please follow and like us:
Pin Share