Татјана Лазаревска и Новица Василевски, еден од најпознатите и најомилени македонски музички брачни парови, веќе долги години живеат и работат во Австралија. Таму нивното име е синоним за добра забава, традиција и врвна атмосфера, а свадба меѓу македонската дијаспора речиси и не може да се замисли без харизматичната Татјана и препознатливиот музички печат на Новица.
Покрај успешната музичка кариера, тие се и складно семејство – во брак се долги години и родители на двајца полнолетни синови, што дополнително ја надополнува нивната животна и професионална приказна.
Но, по многуте настапи во Австралија, овојпат доаѓа ново поглавје. Од пред Новата година, Татјана и Новица се на турнеја низ Соединетите Американски Држави, каде што ги забавуваат нашинците и носат дел од македонската душа на друг континент. Секој настап е исполнет со емоции, носталгија и радост, а публиката со воодушевување ги пречекува и испраќа.

Нивната музика, искрената енергија и непосредниот контакт со публиката уште еднаш потврдуваат дека Татјана Лазаревска и Новица Василевски не се само изведувачи, туку вистински амбасадори на македонската песна и традиција, каде и да се појават.
Од Австралија, преку Америка, па сè до секој Македонец кој со срце ја носи татковината – нивната музика продолжува да спојува и да радува.
