Без оглед дали сте машко или женско нејзината појава ви ги краде очите. Убавата и атрактивна струмичанка Зорица Дончев, која освен што изгледа совршено , со нејзиниот начин на комуникација и добра енергија потврдува дека поседува се за публиката да ја засака. На естрадата не е ново име , но најубавата мисија на една жена, реализирањето како мајка ја одалечи од музиката и сцената. Кога децата пораснаа доволно , за да не мора 24 часа да е постојано со нив, таа повторно е со песната. Своето враќање го најави со песните “Слободна” и “Љуби ме” . Зорица веќе неколку години живее и работи во Германија заедно со нејзиниот сопруг, имаат свој бизнис. Сопстврничка и менаџер е на мал хотел- пансион. Ужива во работните обврски и се радува што конечно по реализацијата на примарните полиња во животот повторно ќе снима, пее и гостува во родната Макефонија. Деновиве непосредно пред заминувањето назад во Гетманија , таа беше гостинка и во македонското талент шоу, како член на жири комисијата. Публиката ќе има можност да ја види во сабота когс ќе се емитува најновата емисија од шоуто. Црвениот фустан на Зорица и нејзината песна ќе ги засакате од прва.


