Кога Наум Петрески настапува забавата и атмосферата секогаш е загарантирана. Неговите песни и хитови се едни од најслушаните, како кај нас, така и во дијаспоратат кај нашиниците.
Најстарата од нив, Анастасија Петреска, тргна по стапките на својот познат татко и веќе е успешна пејачка во Македонија, но во последно време повеќе се има посветено на мајчинството додека својата музичка кариера ја остави на страна.
Имено, таа на почетокот од 2018 година се сврши за својот колега Владимир Поповски од „Биоритам“ и веќе имаат едно дете.

„Не ме плаши тоа што сум дедо па дека ете сум стар, сум остарел. Убаво ми е да сум дедо, немам страв од старост“, изјави тогаш познатиот пејач.
Во првата бременост Анастасија не многу сакаше да открива како ги поминува деновите во блажена состојба и да објавува фотографии на социјалните мрежи, но сега за промена како второ вакво искуство, таа откри дека со Владимир повторно ќе станат родители.
