Зоран Ванев од Штип, своевремено еден од доста популарните фолк пејачи кај нас, но и во соседството. Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија.




Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето, објави Фокус во една прилика.
– Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија. Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих.




Јас сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.




Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажува Ванев за Фокус.
Јас како и секоја професија, потполно професионално и одговорно ја доживувам природната медицина, така да доколку сакате да бидете успешен и компетентен морате да посветите исклучително внимание на сето она што го работите, и меѓу другото, со голема љубов да го правите сето она што сакате да го правите.




Студирав на академијата полни 4 години, и тоа од понеделник до недела. Неслучајно ме снема од сцената, затоа што отсекогаш ме привлекувала медицината која е поврзана со природата, и последиците по здравјето на луѓето се без пасни и многу суштински.




Со самото тоа дека луѓето преку своите примања плаќаат енормно висок процент за здравство, да на крајот бидат оставени на милост и немилост приватно да си го плаќаат секој преглед или интервенции, а кутрите луѓе, посебно пензионерите цел живот плаќале за удобна старост со надеж дека здравството ќе им биде еден ден од голема заштита.




Само тоа е единствената пречка засега, затоа што ни на крај памет не ми доаѓа да бидеме платени од народ кој кутриот едвај сврзува крај со крај.
А таканаречените богаташи во Македонија со многу висок процент се стекнати на било каков начин, само не на чесен, за таквите колку и да сакаат да платат за нив нема место во мојата установа! Јас сум народен човек и останувам таков’’ – потенцира Ванев.




– Нашиот најнов метод на Правиме се за вашето здравје. Соног рафијата (принцип на ехо) во медицината се подразбира како употреба на ултразвук за испитување на органско ткиво“, е една од пновите побјави на Ванев на Фејсбук за неговата сегашна професија.
Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан. „Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години.




После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е, има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.




Лила се пушта, Моника, Тан га, Бања Лука, значи доста хитови. Има пејачи во Србија кои долго пеат, а немаат толку хитови колку јас што направив со два или три албума.
Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ. Во истото интервју, тој најави дека наскоро сите Македонци ќе ги изненади со една убава македонска патриотска песна.




Зоран Ванев во последно време постира слики од својата гордост, својот син, кој е на добар пат да стане познат ракометар. Имено, Ник Ванев тренира ракомет и е најдобар стрелец во тимот.





-На почетокот на кариерата, кога за српската продукција го издадов албумот со српска музика на српски јазик, многу нашинци во Австралија ми замерија. Тоа можам да го разберам, меѓутоа сè си има свое време. Мислам дека тогаш тоа беше во погрешно време, затоа што јас секогаш сум пред музиката и знам што ќе се случува.
Никогаш не е лошо да имам интернационална кариера. Најтешко ми беше, каде и да одев, пример кај Србите, Хрватите, Босанците, кај било кој од поранешна Југославија, секој од нив ми велеше “Где си Македонац”.
Меѓутоа кога доаѓав меѓу своите Македонци, токму тие моите ме нарекуваа: “Овој е србоман”. Мислам дека помина тоа време и мило ми е што некои работи се подредија“, изјавил Ванев.
