Гога Секулиќ ги потврди гласините: „Вистина е, се разведувам по 6 години брак“

Please follow and like us:
Pin Share

Како бомба одекна веста дека популарната српска фолк пејачка Гога Секулиќ се разведува од својот сопруг Урош Домановиќ, со кој заедно го имаат синот Василие. Пукна љубовта како меур од сапуница по цели 6 години наизглед хармоничен брак. Се огласи Гога и ја кажа својата страна од приказната

Точно е дека се разведувам по 6 години брак. Урош и јас разумно се договоривме. Не постои трета личност поради која го донесовме ова решение. Причината си е наша приватна работа. Важното е дека и на двајцата ни е најважно воспитувањето на синчето Василиј, па поради него останавме во одлична комуникација.

Сепак и покрај тоашто се во одлични односи, пејачката на Инстаграм и Фејсбук ги избриша буквално сите заеднички фотографии со сопругот.

Please follow and like us:
Pin Share