Од Март поскапува и членарината за музичарите во Здружение На Естрадни Уметници

Please follow and like us:
Pin Share

Најпрво ви посакуваме здравје и успеси на сите и да имаме колективна среќа🍀Сакаме да ве известимњ дека изминатиот период реализиравме неколку успешни состаноци со институции и надлежни органи, при што би истакнале дека за скоро време следува приклонување кон ССК-Сојузот на Стопански Комори, со што очекуваме многу побрзо да се одвиваат чекорите до остварување на целите кои ги имаме зацртано. Исто така, би откриле дека како и минатата така и оваа година со сигурност ќе има засилени контроли за музичарите и проверки кои од нив се регистрирани во здруженијата и дали користат договори за настапите, односно на кој начин се врши исплата према нив. Во таа насока, за да не би дошле до несакани ситуации, ги повикуваме сите наши членови да ги заверат членските книшки за оваа тековна година и да извршат уплата за годишна членарина, а воедно и ги потсетуваме дека со заверката слободно можат да ги користат сите придобивки кои ги нуди здружението како: издавање на договори за настап, фактурирање на приходи од настап, асистенција при најразлични конкурси и исплати за истите, издавање потврда за естраден уметник, потврда за издавање визи итн. Иако многу мал број на колеги своите примања ги прокнижуваат по легален пат, а властите години наназад прогледуваа низ прсти за тоа, треба да разбереме дека тоа воопшто не ни’ е во корист и губиме многу повеќе од само финансии низ годините. Нашето здружение години наназад соработува со неколку ресторани и хотели, па така преку договори нашите колеги кои свират таму им се исплаќаат свирките преку здружението. Но, тоа е многу мал број во однос на тоа колку настапи имаат нашите членови.За сите кои ќе ја подмират годишната чланарина до крај на месец фебруари важи старата цена од 1509ден, а за уплатите од 1ви март годишната членарина е 2000ден, секако во договор со другите здруженија и уплатата може да се направи секој работен ден преку банка, преку електронско банкарство или директно во канцеларијата на ЗЕУМ со претходна најава на службениот телефон 071928220. Ви посакуваме убав ден!

Please follow and like us:
Pin Share