Македонската пејачка направи „бум“ со една фотографија. Ја смени бојата на косата и предизвика воодушевување кај публиката.
Слаѓана Столеска во јавноста позната како Слаѓана Регина долги години опстојува на македонската музичка сцена.
Една е од најубавите жени на естрадата, а со нејзините очи мами воздишки.
Она што мора да се забележи е дека времето буквално како да запрело за неа.
Изгледа подобро од било кога.

Нејзиниот изглед го касат убавите сини продорни очи и прекрасната насмевка.
Препознатлива е секако и по својата убава руса коса.
Инаку, она што малкумина за неа го знаат е тоа дека по професија е дипломиран менаџер по туризам и угостителство.
Освен што одлично пее, таа и самата пишува песни. Соработува со многу колеги пејачи, а зад себе има многу успешни настапи во земјава и дијаспората.
Поради нејзината скромност и ненамеливост, Слаѓана се труди да не се појавува во медиумите по секоја цена, туку само кога ќе има добра причина за тоа.
Како нејзина најголема поддршка вели дека ѝ е нејзиниот сопруг.
Слаѓана, која е препознатлива по својата руса коса, одлучи да направи драстична промена.
На својот Фејсбук профил сподели фотографија на која позираше со црна боја на коса.

Дали и сега станува збор за некаков филтер или сепак се одлучила да направи промена не е познато, но мора да се признае дека одлично ѝ прилега.
Што мислите вие?

